Rounded Rectangle: РЕЛЈЕФ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Rounded Rectangle: РЕЛЈЕФНА СТРУКТУРА И ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РЕЛЈЕФОТ 
 
 
 

 

 

 

Text Box: Истражувај и дознај . . .
Со кои сили настанува релјефот? Какви бои преовладуваат на релјефната карта на Ре­пуб­лика Македонија? Кои планини се протегаат во околината на твоето место? Во која кот­лина е твоето место на живеење? Какво е значењето на релјефот за човекот?

 

 

 

 

 

 

Релјефот на Република Македонија настанал со заемно дејство на вна­треш­ните и на над­ворешните сили, низ еден многу долг процес кој траел ми­лиони години. Овој про­стор уш­те од подалечното геолошко минато се одликувал со бур­ни движења на магмата во Зем­јината внат­решност. Таквите движења предизвикале на­пукнување и ра­сед­нување на Зем­­ји­на­та кора, при што некои делови се спуштале, а за сме­тка на тоа, со­седните делови се издиг­ну­вале. Од де­ло­вите што се издигнувале, нас­танале планините, а од оние што се спу­штале, нас­та­нле кот­ли­ни­те. Често, на места каде што имало силно раседнување, во мина­тото се појавувале вулкани, кои денес се из­гас­нати. Котлините пак, за време на влажна кли­ма биле исполнети со големи езе­ра, кои пред неколку сто­тици илјади години се исушиле или истекле. Од тие езера денес ос­та­нале дебели напласти на ситен песок и глина, врз кои се формирале плодни почви. Заради се­то тоа, релјефот на нашата земја не е едно­ли­чен, туку „рази­г­ран“, раз­но­виден и многу ин­те­ре­сен. Речиси не постои подрачје во Европа ка­де на толку мал простор се сме­нуваат број­ни кот­ли­­ни со ниски зарамнети полиња, опкру­же­ни со високи пла­нини, што на релјефот му даваат мо­заичен или шаховски изглед.

 

 

           

 

Во релјефот на Ре­пу­б­лика Македонија домини­ра­ат планините, бидејќи тие за­фа­ќаат 2/3 од целата по­вр­шина. Вкупно може да се издвојат околу 40 планини, од кои нај­голем дел се нис­ки (до 1000 m) и средно високи (од 1000 до 2000 m), а помалку се зас­тапени ви­со­ките пла­нини (над 2000 m). Од високите планини, 5 се високи над 2500 m и тоа: Кораб, Шар Пла­ни­на, Пе­лис­тер, Јакупица и Ниџе.

Text Box: Релјефна карта на Ре­­пуб­лика Ма­кедо­ни­ја. Пр­о­­­нај­ди ги по­го­ле­мите пла­ни­ни и кот­лини. Околу ко­ја пл­а­­нина има нај­мно­гу кот­ли­ни? Која е нај­го­­лема котлина?
 
            Планините во источ­ниот и централниот дел на нашата држава се јасно ог­ра­ни­че­ни со нис­­ки превои, раседи и котлини. Поради старите, помалку цврсти кар­­пи од кои се изградени, овие планини има­ат заоб­ле­ни била и врвови. Затоа ги нарекуваме громадни или раседни. Пла­ни­­ните пак во запад­ниот дел на државата се повисоки, обично из­гра­дени од поцврсти карпи и има­ат остри гребени и врвови. Тие протегаат во долга низа-верига и понекогаш тешко може да ги раз­граничиме една од друга. Затоа овие планини ги нарекуваме верижни.

 

 

  

 

 

Text Box: Високата планина Јакупица со врвот Со­лун­ска Глава (2540 m). Кој град е на сликата и во кој дел на котлината се наоѓа?
Text Box: Велешка Котлина со градот Велес и дел од Велешката Клисура. Во кој дел на котли­на­та е градот? Која планина е во дале­чината?

 

 

 

 

 

Планините во Република Македонија се поставени така што најчесто од повеќе стра­­ни заградуваат ­ни­­ски рамничарски и ридести подрачја. Поради формата во вид на ко­тел, ваквите релјефни подрачја се нарекуваат котлини. Поголеми котлини се: Пе­ла­гонија, Скоп­­ската, Струмичко-Радовишката, Кумановската, Тиквешката, По­лош­ката Ко­т­лина и други. Во нај­нис­ките делови на котлините се наоѓаат за­рам­нети по­лиња и широки речни долини, а по стра­ните се протегаат ритчести возвишенија, кои пос­тепено преминуваат во планински стра­ни. Кот­лините помеѓу себе се поврзани со кли­сури кои се всечени во плани­ни­те и со пре­вали, преку кои поминуваат значајни со­обраќајници.

 

 

Освен внатрешните сили со кои се создадени планините и кот­ли­ни­те, големо зна­чење за формирање на релјефот на Република Македонија имаат и надво­ре­ш­ните си­ли. Тие се: топлината од Сонцето, потоа врнежите, водата (речна и езерска), мразот и вете­рот. Под нивно вли­ја­ние, карпите и зем­ји­штето на повр­ши­ната се раздробуваат, рас­па­ѓаат, уси­т­ну­ваат, а потоа со помош на зем­јината те­жа, водата и ве­те­рот се разнесу­ваат до по­далечни мес­та. Ваквото деј­ство на над­ворешните сили се на­рекува еро­зија. Со еро­зи­јата се соз­да­­де­ни реч­ните до­лини и алу­ви­јал­ни рам­нини, по­тоа аб­разив­нит рел­јеф по­к­рај езер­ските бре­­­гови, леднич­ки­от (гла­ци­јал­ниот) рел­јеф на ви­­соките пла­­ни­ни, ка­р­стниот релјеф во варов­ни­­ч­ките под­­ра­ч­ја и сл.

Text Box: Камени кукли во месноста Куклица кај Кра­­тово, настанати со ерозија. Про­ве­ри на интер­нет како се нарекуваат овие ку­к­ли и кои се легендите за нив. Дали зна­еш за слични појави?

            Text Box: Дали знаете . . .
Пред повеќе стотици милиони години, нај­голем дел од подрачјето на нашата др­жава било пространа морска повр­ши­на, а највисоките делови на Кораб, Јаб­ла­ница, Бистра, Галичица и други пла­нини, се наоѓале на морското дно. Кога би се наредиле сите високи пла­нини во Република Македонија една врз друга, нивната височина би достигнала речиси 30 km. Во Репуб­лика Македонија има око­­лу 300-400 пештери, од кои 2 се по­долги од 1 km и околу стотина про­пасти од кои неколку се подлабоки од 100 m.
Поради влијанието на внатрешните и над­ворешните сили, релјефот на нашата др­жа­ва има голема висинска разлика. Така, нај­нис­ката точка во Република Македонија е кори­тото на реката Вардар на границата со Грција (44 m), а највисока точка е врвот Го­лем Кораб (2753 m) на планината Кораб. Интересно е што нашата држава, според про­сечната височина од 830 m е меѓу највисоките во Европа.

Text Box: Според релјефните одлики, во Република Маке­до­нија можат да се издвојат 4 релјефни области: 
1. Источно-вардарска група на планини и котлини; 2. Повардарие или ниска Македонија; 
3. Пелагониска област; 
4. Шарска планинска област.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Text Box: Размисли и одговори . . .
Зошто велиме дека нашата држава има ша­хов­ски релјеф? Кои котлини во Република Маке­до­нија имаат поголеми по­ли­ња? Каде во нашата држава во минатото имало живи вулкани? Размисли врз што влијае повол­но, а врз што неповолно релјефот на нашата држава.
Rounded Rectangle: ИСТОЧНО-ВАРДАРСКА ГРУПА НА ПЛАНИНИ И КОТЛИНИ
 
 
Text Box: Помалку познати зборови . . .
Ерозија-дробење, уситнување и однесување на карпите и на земјиштето под влијание на сончевата топлина, водата, ветерот и организмите.
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

Источно-вардарската или како уште се нарекува Осо­гов­ско-беласичка група на пла­­нини и котлини, ја сочинуваат десетина планини и котлини, кои се протегаат од бу­гар­ската граница на исток до Повардарието на запад. Планините и котлините од оваа област се изгра­де­ни со расед­ну­вање на многу стари кристалести карпести маси, кои претставувале дел на ста­рото Родопско копно. Затоа имаат стрмни страни, а билата и врвовите се за­облени.

Планините се средно високи (од 1000 m до 2000 m), со исклучок на пространите Осо­гов­ски Планини на север и Беласица на југ (долж границата со Бугарија и Грција). Пла­ни­ни­те главно се про­тегаат во правец запад-исток, слично како котлините и до­ли­ните кои ги раз­дво­јуваат. По­к­рај спо­мена­тите, позначајни планини во оваа област кои се протегаат долж гра­ни­цата со Бугарија се: Влаина, Малешевски Пла­ни­ни и Огражден. На запад од нив е Плачковица (1754 m), потоа Обозна, Голак, а на север кон границата со Србија се пла­ни­ни­те Герман и Коз­јак. Сите тие се испре­се­че­ни со длабоки речни до­лини и клисури, при­то­ки на реките Пчиња, Брегалница и Струмица. Значителни по­вр­шини на овие пла­нини се под шуми и пасишта. Во гус­тите шумски подрачја, особено на Осогов­ски­те пла­ни­ни, Плач­ковица, Бела­сица и Ма­ле­шев­ските Планини има голем број на планински извори со многу ква­ли­тетна вода, од која дел се фла­­шира за пиење. Во пониските делови, заради по­т­ре­бите за дрво, пасишта и обра­бот­ливо земјиште, шумите се исечени и се јавува сил­на ерозија.

  

 

Помеѓу наведените планини се протегаат котлини во чии најниски делови се на­оѓаат за­рамнети полиња на надморска височина од 200 m до 700 m. Одејќи од север кон југ се сме­ну­ваат: Славишка, Кочанска, Пијанечка (Делчевска), Малешевска (Беровска), Ра­до­вишка и Стру­ми­чка Котлина. На запад од претходните котлини, кон Повардарието се уште Кумановската, Ов­чеполската и Лакавичката Котлина. Сите овие котлини, по ни­вното нас­танување биле испол­не­ти со езера, кои се исушиле пред милион години. Де­нес врз езерски­те наноси се развиле плодни почви, на кои се на­ј­бо­га­тите обработливи површини.

 

 

 

  

На западната страна на оваа област, на повеќе места постојат сочувани остатоци од вул­кани (вулкански купи и кра­те­ри), кои биле активни пред де­се­тина милиони го­дини. Нај­мно­гу вакви остатоци од вул­ка­ни има околу Кратово, Про­биштип, Злетово и во око­ли­ната на Радовиш. Овие стари вулкански области се богати со обоени и ретки ме­­тали кои се експлоа­ти­раат во рудни­ци­те, но воедно се и многу инте­ре­сни за ту­ри­с­тите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

 

 

 

 

 

             Повардарие е ниската релјефна област по долината на реката Вардар, во цен­трал­­ниот дел на Република Македонија. Оваа област настанала во минатото со раседну­ва­ње и спуштање на копното, при што се создале повеќе пространи котлини. Кот­ли­ните долг пери­од биле ис­полнети со езера, меѓу себе поврзани преку отоки. По нив­ното истекување кон Егејското Море, на местата на отоките и по дната на котлините, реката Вардар по­сте­пено ја изградила својата композитна долина. Таа е композитна бидејќи се состои од повеќе клисури и котлински про­ши­рувања кои наизменично се сменуваат. На север, областа започ­нува од Дервенската или Же­ден­ска Клисура, која ги раздвојува Полошката и Скоп­ската Котлина. Низводно, реката Вар­дар ми­нува низ живописната Таорска Клисура, која ги одвојува Скопската и малата Велешка Кот­ли­на. Потоа следува кратката Велешка Клисура, по која започнува пространата Тиквешка Кот­ли­на и се протега сè до Демиркаписката Клисура. Од Демиркаписката Клисура за­поч­нува топ­ла­та и плодна Гевгелиско-валан­довска Котлина, која завршува со Циган­ската Клисура на тери­то­рија на Република Грција. Малку по на исток пак е малата Дој­ранска Котлина во која се нао­ѓа Дојран­ско­то Езеро.

Text Box: Сателитски тродимензионален мо­дел на Ве­лешката Котлина и Ве­леш­ката Кли­су­ра. На моделот на­јди го градот Велес, реката Вардар и доли­ната на нејзината притока Бабуна. При тоа послужи се и со географ­ска­та карта. Која е котлината во зад клисурата?
Повардарието, со ниски до сред­но високи планини е одвоена од Источно-вар­дар­ска­та група на пла­нини и котлини. Тоа се планините: Скоп­ска Црна Гора, Венец, Ко­неч­ка Планина,  Градешка Палнина и Пла­уш. На запад пак, со планините Же­ден, Вод­но, Китка, Клепа и Кожуф е одво­ена од Пелагониската област. Најголем дел од споме­на­тите пла­нини се протегаат во сличен правец како и долината на реката Вардар, од­но­сно од северозапад кон југо­исток. Од нив един­стве­на висока планина е Кожуф (2182 m), која по интересните релјефни предели, кли­мата, број­ните потоци и реки, богат­ство­то од шуми и дивеч е меѓу нај­убавите во нашата држава. Пла­ни­на­та Жеден, пак е типи­ч­но варовничка, целосно каменлива и без површински водотеци. Меѓутоа, во нејзината внатрешност се наоѓа подземно езеро, чии води избиваат преку силен из­вор кај с. Раш­че, од каде пак главниот гр­ад-Скопје се сна­­б­дува со многу квали­тет­на вода за пи­ење.

 

 

Топлите климатски влијанија кои про­ди­ра­ат од Егејското море по долината на Вардар речиси до Скопје и плодната по­ч­ва го чинат Повардарието многу погодно за одгле­ду­ва­ње на раноградинарски, суп­тро­пски кул­ту­ри и винова лоза. Низ оваа област води и гла­вната соо­бра­ќајна ар­те­ри­ја на Република Македонија, која е мно­гу значајна за цело­ку­пниот стопански раз­вој. Затоа во Повар­да­рието се наоѓаат по­ве­ќе градски населби, меѓу кои е и најго­ле­мата во нашата држава-Скопје.

 

 

 

 

 

 Text Box: Висорамни­на­та Витачево кон долината на Црна Река. Најди кои се планините во далечина. 

 

 

 

Rounded Rectangle: РЕЛЈЕФ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Rounded Rectangle: ПЕЛАГОНИСКА ОБЛАСТ
 
 
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Text Box: Истражувај и дознај . . .
Пронајди која котлина и која планина се најголеми по површина во нашата држава. Каде се наоѓа областа Мариово? Дали си слушнал за Маркови Кули?

 

 

 

 

 

Пелагониската област на исток се граничи со Повардарието, а на запад од Шар­ски­от пла­нински предел е одвоена со Полошката, Кичевската, Де­мир­хисарската Кот­лина и пла­нината Баба. Оваа област прет­­ста­вувала старо копно составено главно од мер­ме­ри, кое со раседи било од­воено од со­сед­ните об­ла­с­ти. Со понатамошно расед­ну­ва­ње, во Пе­ла­го­нис­ката област е из­двоена голема­та Пе­ла­го­ни­ска и неколку помали кот­лини, кои како и оста­­натите во Македо­нија, одреден период биле зае­зе­рени. По ису­шу­вањето на езерата, на дно­­то од котлините останале дебели наноси врз кои де­нес се раз­виле плодни почви.

Од западната и источната страна на Пелагонската област се протегаат повеќе пла­ни­ни, а помеѓу нив се наоѓаат котлини. На западната страна се редат главно средно високи пла­ни­ни со­ста­ве­ни од стари мермери и тоа: Сува Гора која на југ про­дол­жува со Добра Вода и Пес­јак, по­тоа Бушева Планина и повеќе нејзини ограноци. Од ис­­то­ч­ната страна об­лас­та започнува со ви­со­киот Јакупички планински масив, кој е нај­голем по повр­­шина во на­шата татковина. Во со­с­тавот на овој масив се неколку планини во цен­тралниот дел на др­жа­вата, кои ѕвездесто се рази­ду­ваат од највисокиот врв Солун­ска Глава (2540 m). Тоа се: Караџица (кон северозапад), Да­у­тица (кон југозапад), Го­леш­ни­ца (кон исток), Китка (кон севроисток), а во средишниот дел е Мок­ра Планина. Ја­ку­пичкиот масив е изграден од мер­ме­ри и скарстен, со бројни карстни по­лиња, суви до­лини, вртачи, пештери и пропасти.

 

 

Text Box: Сателитска снимка на средишниот дел на планината Јакупица. Каде е најви­со­киот врв Солунска Глава? Зошто прео­в­ла­дува белузлава боја во западниот дел? Дали мо­жеш да ги одредиш ограноците?
Text Box: Компјутерски модел на западната страна на Ја­купица (Караџица) кон долината на Треска. Каков е рел­јефот во областа? Кое вештачко езеро се гледа на моделот? Со програмата Google Earth прошетај малку по областа.

 

 

 

 

 

 

 

Јужно од Јакупичкиот масив, во правец север-југ се надоврзуваат помали пла­ни­ни: Бабуна, Дрен, Козјак и сосема на југ е високата планина Ниџе со врвот Кај­макчалан (2520 m). Ниџе е 5-та по височина и една од најпошумените планини во Република Ма­кедонија.

Како што нагласивме, најголема котлина во оваа област е Пелагонија. Со повр­шина од околу 3700 km2, таа е и најголема котлина во Република Македонија. Дното на Пела­гонија е ра­мно и со еден ни­зок рид е поделено на две полиња: Прилепско на север и Битолско на југ. Овие полиња се доста плодни и се користат претежно за одгледување на житни култури и тутун. На југоисток од Пелагонија е помалата Мариовска Котлина. Таа е заградена со Селечка планина на запад, Ниџе на југ и Козјак (Мариовски) на ис­ток. Оваа котлина иако има пре­кра­сни пејсажи и е меѓу најчистите (еколошки) подрачја не само во Македонија туку и пошироко, речиси це­лос­но е раселена. Сепак, во пос­ле­дно време се зголемува интересот за искористување на бо­га­тите природни потенцијали, осо­бено за туризмот и за изградба на хидроелектрани на Црна Река, која тече низ сре­дишниот дел на Мариово. На север од Пелагонија, по долината на Треска е областа По­рече, која наликува на котлина. Таа со раседнување е спуштена помеѓу Сува Гора, Доб­ра Вода и Бушева Планина на запад и Јакупичкиот масив на исток. Порече има пре­красна природа, која како и во Мариово е речиси недопрена.

 

 

Text Box: Дали знаете . . .
На Јакупица е откриена пропаст длабока 450 m, која за сега се смета за најдлабока во Ма­ке­­до­нија. Од врвот Солунска Глава, кога е ведро време се гле­да речиси цела Македонија, па ду­­ри и пода­леку, а јужно од врвот е вертикален отсек висок 700 m, предизвик за алпи­нис­­ти­те. Пелагонија на југ продолжува на територијата на Грција, каде е Леринско Поле, така што нејзината вкупна должина е 120 km. Големата или Ши­шев­ска Клисура на реката Тре­ска е најдолга во нашата држава, а на север таа преминува во кањон Матка. Во до­ли­на­та на Трес­ка се наоѓаат голем број на пештери од кои онаа кај Слатина е најдолга. 
 
Text Box: Уникатни камени форми во локалноста Ма­р­­кови Кули на планината Бабуна.
Text Box: Поглед од Пелистер кон пространата Пела­гонија. Кој објект се гледа во позадината?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                            

                                                         

 

 

 

 

 

 

 Шарскиот или Шарско-пелистерскиот планински предел се протега во запад­ниот дел на нашата држава и ја сочи­нуваат десетина високи планини, раздвоени со не­кол­ку длабо­ки котлини и впечат­ливи речни долини. Планините се одликуваат со стр­м­ни страни, остри гре­бени и врвови од кои некои нали­ку­ваат на Алпските. За разлика од планините од Источно-вар­дар­ската област, овие пла­ни­ни се из­гра­дени од помлади кар­пи, а во најви­со­ки­те делови обично од варовници. За­едно со котли­ните и долините што ги раздвојуваат, се протегаат главно во правец север-југ.

Планините од Шарскиот предел во вид на две низи се наредени од границата со Алба­ни­ја на запад до Пелагонската област на исток.

Западната низа на планини (по гра­ницата со Албанија), на север започ­ну­ва со Ко­­раб­ски­от планински масив кој со врвот Голем Кораб (2753 m) е највисок во Ре­пуб­лика Македонија. Овој планински ма­сив ги опфаќа Кораб, Дешат и Крчин, кои не се јас­но раздвоени како од­дел­ни пла­нини. Покрај високите врвови, маси­вот се одликува со по­веќе леднички (глацијални) езе­ра и длабоки речни до­лини со бројни водо­пади, некои високи пре­ку 100 m. Крчин пак е интересен по уни­кат­ни­от гипсен ре­л­јеф што многу ретко се среќава во Ев­ропа па и по­широко.

 

  

 

 

На југ, првата низа со долината на ре­ката Црни Дрим и со Охридското Езеро е раз­дво­ена на два дела. На запад (по должина на Македонско-Албанската граница) е пла­нината Јабла­ни­ца, со прекрасните врвови Црн Камен, Стрижак и че­тирите цирка со леднички езе­ра во нив. На исток од Црни Дрим, од Кораб­скиот ма­сив продолжуваат планините Стого­во со Караорман и Галичица. Си­те наве­дени планини во највисоките де­лови се изгра­дени од ва­ров­ници, каде е развиен кар­стен релјеф. Така на планината Галичица има некол­ку карстни полиња, вртачи, пештери и про­пасти. 

 

Text Box: Високиот дел на планината Галичица кој некогаш бил под постојан мраз. Како се нареку­ваат ваквите релјефни форми? На карта пронајди каде е овој висок дел на планината.

 

 

 

 

         Втората низа е малку по источно и на север започнува со маркантната планина во Ма­кедонија: Шар Планина, која се смета и за една од најубавите на Балканскиот Полуос­тров. На неа има десетици врвови високи над 2000 m, а највисок врв е Турчин (Титов Врв) со 2747 m, втор по височина во др­жа­вата. На Шар Планина има нај­мно­гу леднички езера во Македонија, околу 20, а во планинските страни се всечени длабоки речни долини. Сето претходно условило оваа планина да биде многу инте­рес­на за планински туризам.

 

Text Box: Компјутерски модел на релјефот на Шарскиот планински предел (десно) и на Пелаго­ни­ска­та област (лево). Кои котлини можеш да ги издвоиш? Најди ја долината на реката Радика.
 

 

 

 

 

Како природно продолжение, на југ од Шар Планина се надоврзуваат: Бистра, Илин­ска со Плакенска Планина и сосема на југ е Баба Планина, позната како Пелистер. Плани­на­та Бистра е интересна по карст­ниот релјеф кој е застапен на неа, десетината кар­ст­ни полиња и високо­пла­нин­ските па­сишта кои се одлични за развој на сточарството. Пелистер пак ви­соко се из­дига над Би­то­ла и е карак­те­рис­тичен по уни­кат­ни­те камени ре­ки, двете маркантни лед­нич­ки езера и бројните потоци.

 

 

Text Box: Дали знаете . . .
Мавровската Котлина е нај­висока во Репуб­лика Македонија. Дното на оваа котлина е на 1220 m и е исполнето со вештачко езеро. Кањонот на Радика помеѓу пла­нините Бис­тра и Кораб (наречен Барич) е најголем во на­­шата држава, со длабочина до 1000 m. Кај Де­бар има остаток од стара делта. На Бис­тра има 13 карстни полиња од кои најголе­мо е Тони Вода.

 

 

 

Во Шарската област, покрај високи планини има и неколку длабоки котлини од кои по­з­­на­чајни се: Полошката, Кичевската, Дебарската, Охридската и Преспанската, како и по­ма­­ли­те котлини Дебарца и високата Мавровска котлина. Овие котлини помеѓу себе соо­бра­ќајно се поврзани преку впе­чатливи пла­нински превои, како: Стража, Буково, Бунец и др.

Во овој простор, планинските реки изгра­ди­ле длабоки долини, со многу брзаци, сла-по­ви и водопади. Од нив најатрактивна е ка­њон­­ската долина на реката Радика, помеѓу Ко­раб­скиот масив од за­пад­ната страна и Шар Планина, Бистра и Стогово од источната страна. Брзата река Радика со зеленикавата запенета вода, вертикалните карпи кои се надвиснуваат во височина и до 1000 m, го прават кањонот на Радика меѓу најатрактивните во Европа.

 Text Box: Врвовите на Шар Планина во зима. Каква е климата на вакви подрачја?
 Text Box: Размисли и одговори . . .
Кои плани­ни се протегаат од двете страни на долините на Радика и Црни Дрим? Дали си посетил некоја висока планина во Репуб­лика Маке­до­нија и какви впечатоци имаш? Направи фотографии од некоја планина или долина што ќе ја посетиш и пос­тави ги на Google Earth за да ги видат што повеќе луѓе.

 

 

 

Text Box: Помалку познати зборови . . .
Ледничко (глацијално) езеро-езеро настанато во вдлабнатина формирана со ледничка ерозија.
Камени реки-тесен појас од крупни распаднати блокови на високопланинските страни.
Превој-карактеристична седлесто снижување на планинските била и гребени, преку кои обично поминуваат сообраќајници.