Код

ГГ039

Наставен предмет

ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА

Статус на предм.

Опционен (ОпИ)

Кредити

5

Времетраење

75 часа/ 3+2

Бр на корисници

Најмалку 5

Реализатор

д-р Ивица Милевски

Предуслови

Просторни, технички и др. (обезбедени)

Начин на

реализација

Предавања, теоретски и теренски вежби, индивидуална работа на студентот, изработка на семинарска работа, теренска настава (3 дена).

Цели

Запознавање со теоретските и практичните сознанија од областа на ерозија на почвата.     

Содржини

 

 

 

 

 

Вовед во ерозија на почвата: Ерозија на почвата како светски проблем; Историски развој на проучувањето на почвената ерозија, Современи пристапи; Фактори за ерозија на почвата: геолошки состав и педолошка покривка, релјеф, клима, хидрографија, вегетација како фактор за ерозија на почвите, животински свет, човекот како фактор. Форми настанати со ерозија на почвата: форми на површинска ерозија; форми на длабинска ерозија; форми на лизгање на земјиштето; форми на фитогена ерозија; форми на зоогена ерозија; форми на антропогена еро зија. Утврдување на интензитетот на почвената ерозија: теренски методи, лабораториски методи, емпириско-математички методи. Модели за одредување на потенцијалот на ерозија на почвата: USLE, RUSLE, Eurosem, WEPP, Софтверски модели. Интензитет на ерозија на почвата во светот и во Република Македонија. Причини за регионални и локални разлики. Заштитни противерозивни мерки: превентивни мерки, технички мерки, планерски мерки. Регенерација на ерозивните подрачја. Ерозија на почвата и перспективи за развој; Модели за обновување на еродираните подрачја. Ерозија на почвата во Република Македонија: досегашни проучувања, интензитет на ерозија, превземени антиерозивни мерки. Современи процеси, состојби и тенденции.

Очекувани

резултати

Студентот се стекнува со теоретски и практични знаења од областа на ерозија на почвата, и се подготвува за истражувачка и апликативна работа.

Проверка и оценување

Ставки

min

max

Скала на оценување

редовност

5

10

51-60 = 6

семинарска работа

7,5

15

61-70 = 7

теренска настава

7,5

15

71-80 = 8

колоквиум I

15

30

81-90 = 9

колоквиум II

15

30

91-100 = 10

завршен испит

10, 30, 50

20, 60,  100

 

Услови

- редовно следење предавања и вежби;

- изработка семинарска работа;

- полагање колоквиуми;

- обврзна теренска настава од 3 дена;

- полагање завршен испит.

Задолжителни

Елементи

- редовно следење предавања и вежби;

- изработка семинарска работа;

Основна

Литература

Лазаревиќ Р., (1975): Геоморфологија Београд

Morgan R.P.C., (1995): Soil erosion & conservation, New York