Човештвото е толку сантиметри одалечено од катастрофа,

колку што изнесува дебелината на земјиштето над карпестата подлога

J. H. Stalings

           ...Еден од најкрупните проблеми со кои се соочува човештвото во денешнината е рецентната ерозија која по својата природа најчесто е забрзана и од антропогено потекло. Со процесот на акцелерирана ерозија е зафатено околу 40 % од обработливото земјиште во светот (околу 20 милиони km2 или два пати повеќе од површината на Европа), а секоја година според проценките на ФАО се губи над 3 милијарди тони плоден почвен слој. Директните и индиректни штети се огромни и само во САД изнесуваат 44 милијарди долари годишно. Во тој поглед, состојбата во Република Македонија е алармантна. Според Картата на ерозија на Република Македонија, со посилни категории на ерозивност е зафатена површина од 9423 km2, а годишната продукција на нанос на целата територија изнесува околу 20 милиони m3. Поради наведеното, нашата држава во извештајот на “European environment agency” од 1995 год. е ставена во т.н. црвена зона на најзагрозени подрачја во Европа (покрај делови на Италија, Грција, Шпанија и Португалија)...