Првата страница од семинарската работа е по стандарден терк, како за останатите семинарски работи.

 

 

УНИВЕРЗИТЕТ ``СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ`` СКОПЈЕ

ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ

ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА

 

 

 

 

 

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА

ЛИЗГАЛИШТА КАКО ФОРМИ НА ЕРОЗИЈА

 

 

 

 

         НАСТАВНИК:                                                                               ИЗРАБОТКА:

ДОЦ. Д-Р ИВИЦА МИЛЕВСКИ                                                  ПЕТРОВСКА ИВАНА

                                                                                                        

Скопје, 2010 година

 

 

Семинарската работа по предметот Ерозија на почвата треба да биде во А4 формат и да содржи од 15 до 20 страници.

Семинарската работа треба да содржи минимум 3000 зборови текст.

Истата треба да се предаде во електронска и печатена верзија.

Семинарската треба да биде квалитетно изработена, како содржајно, така и технички.

Текстот треба да биде порамнет од двете страни, а секој нов ред да биде вовлечен за по еден таб.

 

Маргините треба да бидат по 2.8 cm од сите страни.

Фонтот треба да биде 12.

Текстот треба да биде во македонска поддршка, со фонт Times New Roman.

Во семинарската треба да има фотографии со подобар квалитет.

Максимален број на фотографии, шеми, скици и други прилози може да биде до 1/3 од вкупниот број на страници.

Во семинарската може да има и соодветни табели во функција на истата.

 

Семинарската работа треба да ги содржи следните делови:

 

Содржина со број на страница

Вовед

Главен дел од текстот (според дадената тема) со наслови, поднаслови и сл.

Заклучок

Литература

 

Се што е превземено од некоја книга, од интернет или друг извор на податоци, мора да се цитира во семинарската.

При цитирањето се наведува презимето на авторот и годината кога е објавена книгата или трудот, пр. (Милевски, 2006).

Ако се двајца автори, се наведуваат двете презимиња и годината на книгата или трудот, пр. (Андоновски и Милевски, 1999)

Ако се повеќе од двајца автори се става презимето на првиот и се додава et al., а потоа годината на објавување, пр. (Милевски et al., 2008)

Ако е превземено од интернет, се цитира интернет адресата од каде е земен делот, пр. (www.kuklica.50webs.com)

Се што е цитирано мора да се наведе подетално на крајот во литературата.